Поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, открил дека бил изненаден кога кралицата Елизабета открила кој е нејзиниот омилен фудбалер. Искусниот тренер ова го открил во подкастот „Sacked in the morning“.
„Со уште 10 луѓе бевме на ручек кај кралицата Елизабета, во еден момент ја прашав дали го сака фудбалот. Ми одговори: „Не премногу“. “Ја прашав кој е нејзиниот омилен фудбалер“. Очекував дека ќе каже Дејвид Бекам. „Мајкл Овен е мојот омилен фудбалер“. „Ја прашав зошто“. „Тој изгледа толку чисто“. Тој одговор го добив и не го продолживме разговорот“, открил Ериксон.
Мајкл Овен за Англија во периодот од 1998 до 2008 година, одиграл 89 натпревари и постигнал 40 голови за „Гордиот Албион“.
Кариерата ја заврши во Стоук, претходно играл за Њукалс, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул.
Неодамна, фудбалерот Сеск Фабрегас, откри дека кралицата Елизабета навива за Арсенал. Принцот Чарлс навива за Барнли, а неговиот син принцот Вилијам е навивач на Астон Вила. Тој често ги следи во живо натпреварите на Астон Вила.
Вториот син Хари, никогаш не открил кој му е омилен тим, тој редовно ги гледа натпреварите на англиската репрезентација. Во една прилика принцот Хари, рекол дека најголемиот дел од кралскиот семејство навива за Арсенал.