Top Sport

Објавен изгледот на новиот дрес на Јувентус

Дресот на Јувентус за сезоната 2022/2023 се појави на социјалните мрежи. Како ќе изгледа новиот дрес први објавија од порталот „Footy Headlines“. Фотографиите откриваат дека новиот дрес ќе има нов дизајн и еден детал досега незабележан во клупската историја.

„Адидас“, техничкиот партнер на Јувентус, остана верен на црно-белите ленти на Јувентус, но изгледа дека црните ленти ќе бидат составени од многу мали триаголници. Дополнително, во името на логото на гавниот спонзор „Jeep“, во буквите се додадени громови.

Изгледот на дресот треба официјално да биде потврден следниот месец, а во продажба ќе се најдепо завршувањето на сезоната.

Првите коментари од фановите се генерално позитивни, особено откако Милан вчера објави како ќе изгледа неговиот нов дизајн.

 

Scroll to Top