Вториот осмина-финален ден на Светското првенство во Русија донесе најмногу возбудувања, иако дуелите Русија-Шпанија и Данска-Хрватска не беа премногу квалитетни.
Победникот на двете средби беше решен по изведувањето на пенали, а во четврт-финалето се пласираа Русија и Хрватска.
Сепак, неколку угледни европски медиуми тврдат дека голманите во пенал сериите се служеле со недозволени трикови.
За „измама се обвинети“ Игор Акинфеев, Даниел Субашиќ и Каспер Шмајхел. Тие не ги почитувале голманските правила. Единствен што се држел до правилата бил Шпанецот Давид де Хеа, кој не успеа да одбрани ниту еден пенал.
И снимките покажуваат дека Акинфеев, Субашиќ и Шмајхел ја напуштале гол линијата пред изведувачот на пеналот да ја допре топката, што според правилата не е дозволено.
Де Хеа е единствениот што секогаш бил на гол-линијата, односно го почитувал правилото. Медиумите пишуваат дека доколку било почитувано ова правило, дека 15 пенали требало да бидат повторени, исто како и пеналот што Шмајхел му го одбрани на Модриќ во финишот на второто продолжение.