Финецот Томи Макинен (57), четирикратен светски шампион во рели и поранешен шеф на Тојота во WRC, постави неславен рекорд во својата земја, за брзо возење доби казна од 46.465 евра.
Инцидентот датира од 2019 година, кога Томи беше фатен како вози со брзина од 149 километри на час, на делот од патот каде границата беше 100 км/ч. Инаку, во Финска казните за брзо возење се наплаќаат процентуално, според месечните примања на прекршителот, па затоа Макинен, прво бил казнет со 37.000 евра.
Сепак, Томи брзо реагирал и до локалното обвинителство доставил документи во кои се наведува дека неговата месечна плата изнесува 10.000 евра. Откако ја добиле оваа информација, судиите му ја намалиле казната на Макинен на само 3.000 евра.
Но, ниту полицијата не застанала, па покренала истрага за се, а според финските медиуми резултатите не биле во корист на Макинен. Тие дека Томи зема плата од Естонија, каде Тојота префрлиле дел од своите активности. Веднаш добил нова казна.
Макинен сега ќе треба да плати 46.465 евра, или да се жали до Врховниот суд на Финска.