Фудбалерите на Шахтјор добија дозвола од украинската влада да ја напуштат земјата. Тие ќе тренираат во Турција и во оваа земја ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Во Шахтјор останаа само Украинците, странците ја напуштија земјата неколку дена по руската агресија.
„Добивме дозвола од УЕФА да бидеме домаќини на неколку пријателски натпревари. Поради тоа украинските фудбалери добија дозвола да на ја напуштат земјата“, изјавил спортскиот директор на Шахтјор, Дарио Срна.
Срна открил дека Шахтјор на 13. и 19.април ќе игра против Бешикташ и Фенербахче, а потоа ќе одигра натпревари со Севилја, Хајдук, ПСЖ и Лацио.