Top Sport

Нејмар: Што да правам, кога ме боли?

Бразилската мега-ѕвезда, Нејмар се бранеше за обвинувањата дека претеруваво реакциите кога е фаулиран, кои посебно се појавија по 2:0 победата над Макесико, со јасна порака: „Едноставно, чувствувам болка“.

Нејмар, кој се врати по скршеното стапало на фудбалот минатиот месец, изгледаше во топ-форма во понеделничката 2:0 победа над Мексико во четврт-финалето, во меч во кој постигна еден гол и беше клучен во вториот гол на Роберто Фирмино.

Но, тој исто така беше во центарот на вниманието поради „глумењето“, како што вели мексиканскиот селектор Хуан Карлос Осорио, откако Мигуел Лајун стапна на неговиот скочен зглоб.

„Тоа е компликувано и не е нешто што можам да го контролирам. Ме стапнаа без топка, надвор од теренот и тоа не треба да се прави. Но, тоа е тоа, тие зборуваа многу и сега си одат дома“, изјави Нејмар.

Тој во интервју за бразилската ТВ „Глобо“, вели дека бразилските фудбалери едноставно мораат да научат да страдаат.

„Не ми е многу грижа за критиките, за пофалбите, бидејќи тоа може да влијае на твојата игра. Мислам дека најмногу се работи за нешто што треба да ме направи да се чувствувам лошо“, додаде Нејмар.

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва вели дека „посебниот третман“, кој Нејмар го добива од дефанзивците на Светското првенство е „нормален“, бидејќи е многу тешко да го сопреш на обичен начин.

„Нормално е да го фаулираат, бидејќи тој има толку многу квалитети. Играчите кои го чуваат прават фаули бидејќи е тешко да се браниш против него и да му ја земеш топката. Но, тоа е фудбалот“, вели Силва.

Мексиканецот Лајун не беше импресиониран.

„Нејмар повеќе време поминува лежејќи на тревата отколку трчајќи. Ако сака да лежи, нека оди дома и нека легне во кревет“, изјави лутиот Лајун.

Scroll to Top