Може да почне новата сага од серијалот „трансферот на Набил Фекир во Ливерпул“. Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Генесио, рекол дека францускиот репрезентативец добил дозвола по завршувањето на Светското првенство да го напушти клубот.
Инаку пред почетокот на Светското првенство, трансферот на Фекир во Ливерпул беше завршена работа, но во последен момент претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, не дозволи тој да биде реализиран.
Фекир, во Ливерпул, ги минал и лекарските прегледи, клубот ја закажал промоцијата на фудбалерот, но Ола не бил задоволен од понудената цена од 50 милиони фунти.
„Би сакал Фекир да остане со нас и работите ги поставувам во тој правец. Меѓутоа тој сака да направи нов чекор во кариерата. Претседателот му ја понуди можноста да замине. Ќе видиме што ќе се случи по Светското првенство. Ако Набил остане, мојата работа ќе биде полесна“, рекол тренерот Генесио.