Додека фудбалскиот свет се занимава со можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, новинарот Баптист Рипар, објави дека Реал го договорил трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ за рекордна сума од 272 милиони евра.
Рипар е новинар во чии информации нема сензационализам, а ексклузивни вести објавувал и претходно. Тој прв ја имаше информацијата дека Антоан Гризман ќе остане во Атлетико, како и дека Тома Лемар од Монако ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Сега Рипар има спектакуларна информација. Тврди дека за 19-годишниот француски репрезентативец, Реал ќе плати 272 милиони евра во четири рати.
Доколку трансферот биде реализиран тогаш Мбапе ќе стане најскапиот фудбалер на сите времиња. За него реал ќе плати 50 милиони евра повеќе од она што ПСЖ лани и плати на Барселона за Нејмар.
Килијан Мбапе, минатото лето пристигна во ПСЖ како позајмен играч од Монако, а клубот од Париз ова лето го откупи неговиот договор за 180 милиони евра.
? EXCLUSIF!! ? Le Real #Madrid a conclu un accord avec #Paris pour #Mbappé. ‘Los Blancos’ paieront 272M € en 4 versements. Plus d’informations EN DIRECT après Suède-Suisse!
— Baptiste Ripart (@RipartBaptiste) July 3, 2018