Top Sport

Касано: Роналдо треба бескрајно да му биде благодарен на Бензема

Антонио Касано, поранешниот фудбалер на Бари, Рома, Реал, Сампдорија…со својата последна изјава „удри“ по Кристијано Роналдо. Португалецот е легенда на светскиот фудбал, легенда на Реал Мадрид со постигнат 450 голови на 438 одиграни натпревари.

Касано смета дека Карим Бензема е клучниот човек за успешната кариера што ја имаше Роналдо во Реал.

„Роналдо секое утро треба да се моли и каже: „Бензема благодарен сум што играв со тебе“. Кристијано дава голови, секогаш го прави тоа, но во Реал беше поинаку. Бензема е класичен напаѓач, но исто така тој е и „Зидан“ и десетка и деветка и пол“, рекол Касано.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');