Top Sport

Ракометарите се комплетираа пред бараж-пресметката со Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските ракометари се подготвени за последниот предизвик, баражот против Чешка за пласман на Светското првенство. Селекторот Кире Лазаров од денеска го има на располагање комплетниот тим откако се придружија и интернационалците од Германија. Филип Кузмановски, кој се најде во идеалниот тим на последното коло од Бундеслигата, тренираше, додека искусниот Филип Миркуловски доби поштеда. Сепак, селекторот Лазаров ги пренесе идеите со кои ќе патуваме на значајното гостување.

„Чешка е квалитетна репрезентација и ние ќе мораме да бидеме на врвно ниво за да се спротивставиме. Верувам дека имаме шанси, посебно што реваншот ќе го играме в недела во Скопје“, изјави Кире Лазаров.

Утре ракометниот национален тим патува за Чешка.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top