Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјавил дека со исклучок на Бразил, на Светскот првенство во Русија не видел репрезентација што е подобра од Италија.
„Според натпреварите што ги гледав до сега, не сметајќи го Бразил, не сум видел репрезентација што е подбра од нас“, рекол Манчини за „канал 5“.
Италијанскиот селектор верува дека ќе успее да формира силен тим кој ќе биде конкурентен за освојување на титулата на наредното Европско првенство.
„Најдов играши што се добри, млади и кои сакаат да работат. Ќе се обидеме да се квалификуваме за ЕП и ори тоа да изградиме тим што ќе стекне навика да победува.Потоа ќе размислуваме за наредното СП“, дополнил Манчини.
Манчини на кормилото на италијанската селекција го наследи Џаннпјеро Вентура, откако тој не успеа да ја однесе Италија на СП во Русија.