Top Sport

ФИФА ги делегираше судиите за четврт-финалните мечеви

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одбра арбитрите што ќе ја делат правдата на четврт-финалните натпревари на Светското првенство. Дербито помеѓу Белгија и Бразил ќе го суди Србинот Милорад Мажиќ.

Мажиќ, кој го судеше финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, во досегашниот тек на Светското првенство, судеше на два натпревари, Јужна Кореја-Мексико (1:2) и Сенегал-Колумбија (0:1).

Четврт-финалето помеѓу Уругвај и Франција во Нижни Новгород го доби Аргентинецот Нестор Питана. Досега на шампионатот Питана ја делел правдата на натпреварите Русија-Саудиска Арабија (5:0), Мексико-Шведска (0:3) и Хрватска-Данска (1:1, пенали 3:2).

Во Самара ќе играат Шведска и Англија, а европски судија ќе биде главен арбитар. Белгиецот Бјорн Кујперс со своите помошници веќе судеше на три натпревари. Египет-Уругвај (0:1), Бразил-Костарика (0:2) и Шпанија-Русија (1:1, пенали 3:4).

Главен арбитар на дуелот помеѓу Русија и хрватска ќе биде Сандро Ричи. За Бразилецот ова ќе биде трет натпревар што ќе го суди на СП, претходно со помошниците ги судеше натпреварите Данска-Франција (0:0) и Хрватска0Нигерија (2:0).

Scroll to Top