Top Sport

Жена се залепи за паркетот во Минеаполис

Бизарна сцена го обележа натпреварот помеѓу Минесота и ЛА Клиперс, во НБА лигата. Минесота победи 109:104 и го обезбеди седмото место во Западната конференција.

Мечот го обележа моментот кога една жена, во знак на протест, со лепак се залепи за паркетот во „Таргет центар“, во Минеаполис. Идентитеотот на жената не е откриен, само е објавено дека станива збор за активистка на организација која се бори за правата на животните.

Таа протестирала против мнозинскиот сопственик на Минесота, Глен Тејлор, кој е газда на повеќе животински фарми.

Поголем инцидент спречиле луѓето од обезбедувањето, кои успеале да ја одлепат жената од паркетот.

 

Scroll to Top