Top Sport

Клоп: Со распоредот не казнуваат бидејќи сме успешни

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека ТВ-куќите се главна пречка за клубовите од Премиерлигата да стигнат до четирикратна титула бидејќи „не им е грижа“ за доброто на фудбалерите.

Клоп постојано ги критикува ТВ-куќите за напорниот распоред на натпреварувања кои почнаа од минатогодишната скратена сезона поради коронавирусот, кога не успеаја да ја одбранат титулата. Оваа сезона, „црвените“ се вратија во борба за дури четири трофеи, но Клоп не верува дека тоа е возможно поради распоредот, односно смета дека се „казнети“ поради својот успех.

Ливерпул се пред пласман во полуфиналето на ЛШ по 3:1 победата на гости кај Бенфика во пррвиот меч од четврт-финалето. Ако поминат, тогаш полуфиналињата ќе се играат на 27 април и 4 мај, додека во Премиерлигата имаат меч против Њукасл на 30 април.

„Не можеш да одиш на четири трофеи, дури и да се толку добар да бидеш во игра за сите титули, како ние оваа сезона. Со ваков распоред, нема шанси. Поради нашиот успех мораме да играме во сабота против Сити, потоа со Евертон во Лигата, а потоа ако поминеме во полуфинале на ЛШ, а потоа на гости кај Њукасл во Премиерлигата. Сите сакаат да ги видат Ливерпул сега и на ТВ-куќите не им е грижа. Тоа не е океј“, вели Клоп.

Scroll to Top