Откако доволно беше добар за Хулен Лопетеги да го понесе со шпанската репрезентација на Мундијалот, Реал Мадрид реши да плати 40 милиони евра за младиот Алваро Одриозола од Реал Сосиедад.
22-годишниот Одриозола, кој играше и во Скопје против Вардар во Лигата на Европа минатата сезона, не доби ниту минута од наследникот на Лопетеги, Фернандо Јеро, а Шпанија испадна во осминафиналето по поразот на пенали од Русија.
Одриозола е прво засилување за Реал под водство на Лопетеги, и тој има договор до 2024 година.
„Реал Мадрид и Реал Сосиедад се договорија за трансферот на Алваро Одриозола по завршувањето на медицинските тестови“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Comunicado Oficial: Álvaro Odriozola.#RealMadrid https://t.co/3H6VkWzY2L
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 5, 2018