Нејмар е најголемиот плачко меѓу фудбалерите, објави „Bonus Finder“, истакнувајќи дека тие собрале важните натпревари на кои играчите плачеле, вклучувајќи ги последните натпревари во нивните кариери, нокаут фазите на европските и светските натпреварувања, пресвртите и финалните натпревари. Играчите потоа се рангирани од најемотивни до помалку емотивни во зависност од бројот на ситуации во кои плачеле на натпреварите.
Според податоците на „Bonus Finder“, на првото место е бразилскиот напаѓач кој често е критикуван поради реакциите кога врз него е направен прекршок.
Второто место зад Нејмар го зазема Кристијано Роналдо. Португалецот, потсетија, плачеше на ЕП во 2020, 2016 и 2004 година.
Трет е Луис Суарез, уругвајскиот напаѓач за кого, меѓу другото, емотивниот момент беше минатогодишното освојување на шпанското првенство со Атлетико Мадрид, кога беше фотографиран како седи на теренот, гледа во мобилниот телефон и плаче.
Поранешниот англиски репрезентативец Пол Гаскојн го освои четвртото место. Во неговата кариера се издвојува моментот од СП 1990 година кога плачеше во полуфиналето.
Серхио Агуеро е на петтото место. Аргентинецот заплака, на прошталениот натпревар во дресот на Манчестер Сити, по што замина во Барселона.
Според „Bonus Finder“, на листата на десетте најемотивни фудбалери, од шестото до десеттото место се и Лионел Меси, Џон Тери, Мохамед Салах, Дејвид Бекам и Марио Балотели.