Top Sport

Исповед на еден од најдобрите британски спортисти: Тренерот сексуално ме злоставуваше, очувот ме тепаше

„Сексуално бев злоставуван од мојот тренер кога имав 13 години. Немав на ого да му се обратам“, открил првиот британски победник на Тур д’Франс, Бредли Вигинс.

Петкратниот олимписки шампион рекол дека не можел смета на поддршката од очувот, бидејќи тој го тепал и критикувал што носи велосипедска облека.

„Очувот кон мече беше насилен, ме нарекуваше хомосексуалец, бидејќи носев таква облека. Него не можев да му кажам дека тренерот сексуално ме злоставува. Бев самотник. Само сакав да излезам од тоа опкружување. Ништо не ме интересираше, чудни беа тие тинејџерски години. Велосипедот многу ми помогна“, рекол 41-годишниот шампион.

Вигинс зборувал и за депресија со која долги години се борел и открил дека голем период од животот му минал во обид да открие каков однос има со биолошкиот татко.

Татко на Бредли Вигинс е познатиот австралиски велосипедист, Гари Вигинс, кој го напуштил семејството кога Бредли бил бебе. Грег Вигинс ги загубил животот во тепачка на една забава во 2008 година.

„Се обидував да избегам од животот. Никогаш не ги добивме одговорите за неговото убиство. Не напушти кога бев мал, го запознав на 18-годишна возраст. Воспоставивме некаква врска, но воопшто не зборувавме неколку години пред убиството. Тој беше мојот херој, сакав да се докажам пред него. Беше голем талент, но беше и пијаница, манијакално депресивен, насилен и наркоман“.

Вигинс успешната кариера ја заврши во 2016 година. Тој сега работи како спортски коментатор.

Scroll to Top