Додека раководствата на Реал Мадрид и Јувентус се во „паника“ и напорно работат за да го остварат трансферот на Кристијано Роналдо, португалската мега-ѕвезда се наоѓа во Коста Наварино, на југот на Пелопонез во Грција уживајќи во жешкото време и морето.
33-годишниот Роналдо немаше време за одмор, бидејќи веднаш по финалето на Лигата на шампионите со Реал замина на подготовки со португалската репрезентација. Португалија беше елиминирана во осминафиналето од Уругвај и сега е време за опуштање.
Според грчките медиуми, Роналдо со своето семејство пристигнал со приватен авион во најблискиот аеродром во Каламата, по што со хеликоптер стигнал во елитното одмаралиште на крајниот југ на Грција. Луѓето во Коста Наварино направиле сѐ да се почитува неговата приватност, но и покрај тоа се појавија фотографии од него, Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор на плажата и на тениските терени.
Италијанските медиуми го очекуваат ЦР7 во Торино веќе во сабота (на 7. ден во 7. месец) за презентација.