Францускиот ас Антоан Гризман вели дека има преголема почит за Уругвај и затоа не го прославувал голот кој го постигна за 2:0 победа и пласман во полуфиналето на Светското првенство.
„Не го прославував голот бидејќи кога ја почнував мојата кариера Уругвај ме научи многу за фудбалот. Затоа секогаш ќе ја почитувам таа нација“, изјави Гризман.
И пред мечот, Гризман зборуваше дека се чувствува „полу-Уругваец“ поради блиското пријателство со двајцата соиграчи од Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез и Диего Годин. Годин дури му е кум на ќеркичката на Гризман, Миа.
Сепак, Луис Суарез не беше импресиониран од оваа изјава на Французинот, порачувајќи му дека никогаш нема да знае како е да си Уругваец.
Суарез му врати на Гризман: Тој не сфаќа што значи да си Уругваец