Во согласност со својот слоган, компанијата Mozzart ги поддржува победниците, а тие се секако домашните бодибилдери! Успешната соработка со бодибилдинг и фитнес федерацијата продолжи со спонзорство на натпреварот „Herkules Grand Prix“ во Скопје, кој собра бројни светски познати натпреварувачи. Во Скопје се собраа околу 100 натпреварувачи од 12 европски земји, а беше организиран и натпревар во борење на рака.
“Успешно заврши првиот„Herkules Grand Prix”, меѓународен натпревар кој за првпат се одржа во нашата земја во 2002 година. Благодарност до MOZZART, кој веќе втора година по ред ги подржува нашите настапи и натпревари” – изјави претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес, Бобан Ѓороски.
На ова натпреварување рамо до рамо со ѕвездите од овој спорт настапуваа и нашите натпреварувачи, а меѓу кои Божидар Пецаковски и Мери Акиевска освоија Elite Pro карта.
Специјални гости на овој настан беа претседателот на Македонија, СтевоП ендаровски и Михал Крижанек од Словачка, кој веќе четири години е најдобар IFBB ELITE PRO натпреварувач.
Да потсетиме, соработката помеѓу бодибилдинг и фитнес федерацијата и Mozzart започна во пресрет на Светското првенство во Шпанија овааесен, а беше среќна за нашата најдобра претставничка Мери Акиевска. Таа тогаш освои дури четири медали, стана светски шампион во велнес за јуниори, апсолутен шампион во јуниорска конкуренција, светски сениорски шампион во велнес и апсолутен шампион во сениорска конкуренција. Серијата успеси продолжи и оваа пролет, а веќе следниот месец ги очекуваат нови предизвици.