Top Sport

Деклан Рајс по третпат одбил да го продолжи договорот со Вест хем

Деклан Рајс и третпат одби понуда за продолжување на договорот со Вест хем јунајтед и е отворен за трансфер во текот на летото, тврди британскиот „Гардијан“.

Според нивите извори, Англичанецот не планира да го продолжи договорот со условите кои му биле понудени, но сфаќа дека клубот не сака да го продаде и тоа нема да пречи на професионалниот однос. Повеќе клубови, вклучувајќи ги Манчестер јунајтед и Челси беа заинтересирни за 23-годишниот Рајс, а неговиот менаџер Дејвид Мојс изјави неодамна дека минимум цена за него би била 150 милиони фунти.

Рајс е во Вест хем од 2014 година, откако замина од академијата на Челси, а има договор со клубот до 2024 година, со опција за уште една сезона.

Scroll to Top