Top Sport

Конте подготвен да ги „предаде“ Тотенхем и да замине во ПСЖ?

Францускиот весник „Ле паризиен“ тврди дека менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте е подготвен во текот на летото да го напушти клубот и да го замени Маурисио Почетино во Пари Сен-Жермен и додава дека тој веќе се „нудел“ на катарските газди на клубот.

Конте го презеде Тотенхем од Нуно Еспирито Санто во ноември и по 30 мечеви има 17 победи, 3 ремија и 10 победи, со големи шанси да обезбеди топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите.

Сепак, според француските извори, прв избор на ПСЖ не е Конте, туку Зинедин Зидан, меѓутоа поранешниот тренер на Реал Мадрид повеќе би сакал да почека за да го наследи Дидие Дешам на кормилото на француската репрезентација.

Иако е тешко да се верува дека Конте толку бргу би го напуштил Тотенхем, многу работи ќе зависат од тоа колкав буџет ќе добие за трансфери од претседателот Даниел Леви, бидејќи минатата сезона по освоеното скудето со Интер си замина од клубот поради тоа што тие ги продадоа Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку.

Scroll to Top