Легендата на Челси, Дидие Дрогба нема да биде нов претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска (ФИФ), откако неславно испадна во првиот круг на гласање.
Двократниот освојувач на наградата најдобар африкански фудбалер, собра 21 гласа, за да биде далеку на третото место зад Јасин Идрис Дијало (59 гласа) и Сори Дијабате (51 глас). Изборот го прават претседателите на клубовите во првите три лиги.
42-годишниот Дрогба, кој го носеше дресот на БСК од 2002 до 2014 останува екстремно популарен во својата земја, но наиде на отпор од локалните клубови и активните фудблери, кои очигледн се плашеа од промени.