Top Sport

Сити им го „крадат“ Деклан Рајс на Јунајтед?

Манчестер сити се подготвени да влезат во „битка“ со градските ривали Манчестер јунајтед во обид ова лето да го донесат најдобриот играч на Вест хем јунајтед, Деклан Рајс, кој неодамна повторно одби продолжување на договорот со „чеканите“.

Иако се верува дека веќе е договорен трансферот на Ерлинг Халанд од 75 милиони евра, газдите на Манчестер сити се подготвени да го поддржат Пеп Гвардиола во летниот пазар на играчи, и во исто време, ако е возможно да упатат уште еден удар на градските ривали, тврди „Дејли мејл“.

Сити имаат потрошено „нето“ 37 милиони фунти последните 12 месеци, откако по пристигнувањето на Џек Грилиш за 100 милиони фунти, ги продадоа Феран Торес, Џек Херисон и Анжелино, додека во Јунајтед се очекува „ремонт“ на тимот по пристигнуваањето на новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Единствен проблем може да биде тврдоглавоста на Вест хем, кои упорно бараат 100 милиони фунти за 23-годишниот англиски репрезентативец.

Scroll to Top