Top Sport

И тоа се случува – Салернитана-Фиорентина доцнеше шест минути поради конфети!

Мечот помеѓу Салернитана и Фиорентина од италијанската Серија А започна со шест минути доцнење, откако навивачите на домашниот тим фрлија огромен број на конфети на теренот, по што мораше да се интервенира за да се обезбеди играње фудбал.

По двете победи во низа, атмосферата во Салерно беше „наелектризирана“, а на 20.000 фанови ултрасите на клубот поделија 40.000 кесички конфети кои беа фрлени кога двата тима излегуваа на теренот и покрај тоа што повеќе пати преку озвучувањето беа предупредувани да не го прават тоа.

Scroll to Top