Top Sport

И Ролан Гарос ќе ги исфрли Русите и Белорусите?

Ролан Гарос, вториот Грен слем турнир во сезоната, се подготвува да им го забрани учеството на тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија. Минатата недела, Вимблдон, соопшти дека Русите и Белорусите нема да можат да настапат на овој турнир.

Новинарот, Стјуарт Фрејзер, објави дека Французите чекале да завршат претседателските избори за да започнат притисоците кон организаторот на Ролан Гарос, да им се забрани настапот на спортистите од Русија и Белорусија.

Последна проверка пред Роланд Гарос, најдобрите тенисери и тенисерки ќе ја имаат на мастерсот во Рим. Премиерот на Италија, Марио Драги инсистира мастерсот во Рим да го следи примерот на Вимблдон, барем засега организаторот не ја прифаќа неговата идеја.

На одлуката која ја донесе Вимблдон јавно се спротивставија АТП и ВТА. До крајот на неделата овие организации треба да донесат одлука какви чекори ќе бидат преземени против Вимблдон.

Ролан Гарос на програмата е од 22.мај до 5.јуни, претходно од 2. до 15.мај ќе се игра мастерсот во Рим.

Scroll to Top