Арсенал започнале преговори со агентите на Габриел Жесус за можен летен трансфер на фудбалерот на Манчестер сити ова лето, тврди порталот „Гол“.
„Топчиите“ бараат решение во нападот по заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона, додека 25-годишниот Бразилец има 17 старта ова сезона во тимот на Пеп Гвардиола и сака поголема минутажа. Според „Гол“, техничкиот директор на Арсенал, Еду веќе почнал со преговори со агентот на Жесус, Пауло Питомбеира.
Жесус има договор со Сити до 2023 година и се надева дека ќе биде постандарден пред Светското првенство, но Пеп Гвардиола се обидува да го обврзе за нов договор, иако неговата минутажа може да биде уште помала со пристигнувањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.