Top Sport

Маркез во четири кривини два пати падна од моторот

Тежок ден е зад осумкратниот шампион во Мото ГП Марк Маркез во Херез. Возачот на Хонда падна двапати во четири кривини од својата Хонда, на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Шпанија.

Шпанецот најпрвин падна во шестата кривина, по што го подигна моторот, се врати на патеката и продолжи да вози, а потоа повторно падна во деветтиот свиок.

За среќа, Маркез остана неповреден, но не продолжи да вози, туку на скутер беше вратен во боксот од неговиот поранешен тимски колега Дани Педроса.

Петок не беше добар ден за шампионите, бидејќи пад доживеа и актуелниот шампион Фабио Квартараро.

Scroll to Top