Антонио Конте вели дека е среќен ако други клубови ја почитуваат неговата работа, но инсистира дека има има многу лажни вести за неговата желба да седне на клупата на Пари Сен-Жермен, додавајќи дека е фокусиран на Тотенхем.
Францускиот „Ле паризиен“ претходно тврдеше дека Конте сам им се понудил на газдите на ПСЖ со листа на барања за висока плата (30 милиони евра по сезона) и пари за засилувања, а сега „Калчомеркато“ тврди дека тој има клаузула во договорот со Тотенхем со кој може да замине на крајот на сезоната.
„Секако,добро е кога другите клубови ја ценат мојта работа. Вистината е дека мразам кога луѓето се обидуваат да измислат вести само да креираат проблеми. Тоа не е во ред, не е фер кон мене, кон клубовите кои се споменуваат, а најмалку кон моите фудбалери. Фокусирани сме на последните пет меча од сезоната во кои мораме да добиеме резултат. Не знам зошто измислуваа лажни вести. Сите кои работат во фудбалот, играчи или менаџери знаат дека во овој дел од сезоната почнуваат лажните вести“, вели Конте.
Вчера, актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Почетино изјави дека сигурно останува во клубот во 202/23 бидејќи има уште една година од договорот.