Top Sport

Пеп е кралот на сарказмот: Јирген самиот кажа дека ги имаат најдобрите…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола продолжи со умствените игри со Ливерпул, шегувајќи се дека е „нормално тие да ги освојат сите награди“, откако Мохамед Салах го победи Кевин де Брујне и Деклан Рајс од Вест хем за престижната награда на фудбалските новинари за најдобар играч.

Ливерпул се уште во борба за четири титули оваа сезона, вклучувајќи ја битката со Сити во Премиерлигата и потенцијалната пресметка во финалето на Лигата на шампиони.

„Јирген самиот кажа, тие го имаат најдобриот голман, најдобриот втор голман на светот, најдобриот централен дефанзивец, најдобриот фудбалер од средниот ред, најдобриот напаѓач… Нормално е да ги освојуваат сите награди“, одговори Гвардиола на прашањето дали Де Брујне е разочаран што ја загубил наградата која ја освојуваше последните две сезони.

Scroll to Top