ЛА Лејкерс го сменија тренерот Френк Фогел по катастрофалната сезона, во која не успеаја да влеат во плеј-офот. Челниците на франшизата за ја започнаа потрагата по неговиот наследник.
Според Чејамс Чаранија од „Атлети“к, тие побарале дозвола од актуелниот шампион Милвоки Бакс да преговараат со еден од нивните помошници.
Станува збор за Дарвин Хем, поранешен кошаркар со осумгодишно искуство во НБА, кој својата тренерска кариера во НБА лигата ја започна во 2011 година во Лејкерс како асистент. Тој ги помина последните девет години како помошник на ценетиот Мајк Буденхолцер во Атланта и Милвоки.
Адријан Војнаровски од „ESPN“ објаснува дека НБА клубовите кои бараат нов тренер обично бараат дозвола од десетина клубови да разговараат со нивните вработени, а Хем е само првиот чие име протече во јавноста.
На листата на желби е и тренерот на Јута Џез, Квин Снајдер.
Американските медиуми пишуваат дека Лејкерси се сериозно заинтересирани за Квин Снајдер во случај тој да раскине со Јута Џез ова лето по уште еден неуспех во плеј-офот. Еден од кандидатите наводно е Џеред Дадли кој пред една година ја заврши играчката кариера во Лејкерс, а оваа сезона е помошник тренер во Далас.