Арсенал го обновиле интересот во ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез како што се зголемуваат шансите за пласман во Лигата на шампионите, и тој е прв избор пред другите напаѓачи за кои „топчиите“ се заинтересирани како Габриел Жесус и Доминик Калверт-Луин, тврди „Тајмс“.
Надежите дека можат да привлечат големи имиња на „Емирати“ се зголемуваат како што тие се доближуваат до место во Лигата на шампиони. По неделната 2:1 победанад Вест хем, Арсенал на четири кола пред крајот се пред лутите ривали Тотенхем во борбата за четвртото место.
Микел Артета би сакал да донесе двајца напаѓачи во текот на летниот преоден рок бидејќи договорите на Александер Лаказет и Еди Нкетија завршуваат на крајот на сезоната.