Top Sport

Дали Јаја Туре го „проколна“ Гвардиола да не ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Сити?

Пеп Гвардиола веројатно го има најдобриот тим во светот предводејќи го Манчестер Сити, сопствениците на англискиот клуб вложија огромни средства за да доведат засилувања, но „граѓаните“ повторно не успеаја да го освојат пехарот во Лигата на шампионите.

На неверојатен начин загубија од Реал Мадрид. „Кралевите“ направија чудесен пресврт за 3:1 и Гвардиола се прашуваше што му се случува.

Можеби во неговите моменти на очај на „Сантијаго Бернабеу“ низ глава му помина конфликтот со легендарниот играч на Манчестер Сити, Јаја Туре од 2018 година. Лошиот однос меѓу еден од најдобрите фудбалери што некогаш ги имала Африка и шпанскиот стручњак кулминираше со заминувањето на Туре од Манчестер Сити, кога агентот на фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Димитри Селук ги повика африканските шамани да го „проколнат“ Шпанецот.

„Гвардиола по караницата со Јаја Туре ги сврте сите Африканци против него. Сигурен сум дека африканските шамани ќе се обединат и нема да му дозволат да ја освои Лигата на шампионите. Ова нека биде проклетството на Гвардиола. Нека покаже животот дали сум во право”, изјави Селук пред неколку години.

Гвардиола со Манчестер Сити освои три титули во Премиер – лигата, но никогаш трофеј во Лигата на шампионите.

Scroll to Top