Патрис Евра тврди дека дел од фудбалерите на Вест хем одбивале ситуација да се тушираат заедно со фудбалер кој бил хомосексуалец. 40-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, помина четири месеци во Вест хем на крајот на кариерата, во период во кој имаше само 5 настапи пред да се пензионира во 2019 гоина.
„Луѓето ќе полудат ако дознаат дека некој фудбалер е хомосексуалец. Кога бев во Вест хем, дојдоа од англиската федерација со нивниот програм за прифаќање на различностите, но повеќе од фудбалерите изјавија дека ако имаат хомосексуалец ќе сакаат да го избркаат од клубот и дека нема да се тушираат со него. Тоа беше во 2018 година! Во фудбалот нема многу отворени умови“, вели Евра.
Евра и претходно зборуваше за хомофобијата во фудбалот, велејќи дека сигурно дел од неговите соиграчи биле хомосексуалци но го прикривале тоа поради осудата од соиграчите и од фановите.