Top Sport

РФМ ги прошири супер лигите во машка и женска конкуренција

На денешното редовно собрание на Ракометната федерација на Македонија се донесе одлука за измена на системот на натпреварување во супер лигите.

Од наредната сезона, во машка и женска конкуренција,ќе се натпреваруваат по 16 клуба кои ќе бидат поделени во две групи по осум. По завршувањето на оваа фаза, четирите најдобри ќе се пласираат во разигрувањето за шампионската титула, а останатите ќе се борат за опстанок во лигата.

Екипите ќе одиграат вкупно осум натпревари бидејќи ќе се сретнат само со противниците од другата група.

Во плеј-офот односно плеј-аутот ќе бидат префрлени поените од регуларниот дел од сезоната, па повторно ќе се продолжи со еднокружен систем на игра.

Scroll to Top