Top Sport

Без ЛШ, фудбалерите на Манчестер јунајтед со 25 отсто намалување на платите?

На фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе им биде скратена платата за следната сезона „до 25 отсто“, тврди британскиот „Дејли мејл“ откако и официјално ги загубија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона по понижувачкиот 4:0 пораз од Брајтон во саботата.

„Ѓаволите“, бидејќи имаат само еден меч до крајот на сезоната, не можат да завршат повисоко од шестото место, и според „Дејли мејл“, ги очекува намалување на платата бидејќи сите фудбалери имаат такви клаузули во договорите.

На Кристијано Роналдо, најскапиот фудбалер на Јунајтед, му се заканува намалување на платата за дури 97.000 фунти  – од 385.000 на 288.000 фунти неделно.

Според весникот, ова не би било првпат да се воведе ваква „кризна мерка“ во Јунајтед, откако се направила ревизија на платите пред сезоната 2018/19, кога исто така завршија на шестото место.

Scroll to Top