На Македонија ЃП и беше потребна победа во Ѓорче Петров против Струга Трум Лум за да ги продолжи надежите за излез во Европа преку шампионатот, меѓутоа гостите прикажаа одлична игра и победија со 1:3. Сега „лавовите“ ќе бараат втора шанса, во финалето на Купот на Македонија каде ривал ќе им биде Силекс.
Немања Босанчиќ беше двоен стрелец за стружани, а еден погодок постигна Буњамин Шабани.
Фото: Игор Паневски