Top Sport

Ненадејно почина поранешен фудбалер на Ајакс и Лудогорец

Поранешниот играч на Ајакс, Џоди Лукоки, почина на 29-годишна возраст.

Тој имаше договор со Твенте до февруари оваа година, а во последните недели се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти, кога стигна веста за неговата смрт.

Нејасно е која е причината за смртта на фудбалерот кој настапуваше под знамето на ДР Конго.

Договорот на Лукоки со Твенте беше раскинат на почетокот на оваа година, откако беше обвинет за насилство врз девојката.

Тој е осуден на 80 часа општокорисна работа и три години условно во случај да го повтори делото.

Лукоки играше и за Зволе, Лудогорец и Малатија.

Кариерата ја започна во младинската школа на Ајакс. Со Лудогорец освои четири титули во шампионатот на Бугарија.

Scroll to Top