Top Sport

Поранешен словенечки фудбалер ја убил сопругата пред очите на децата

Голема трагедија се случи во Дравоград откако поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Роберт Певец ја убил сопругата Сабина, а две малолетни деца ќе останат „на улица“. И покрај досегашната забрана за доближување, поранешниот словенечки фудбалер Роберт Певец (38) дошол во домот на својата партнерка (33) и ја убил. Полицијата се обидела да ја спаси ситуацијата, но дошле предоцна.

Роберт е фудбалер кој пред 21 година настапуваше за словенечката репрезентација. Двојката има две малолетни деца кои во моментот на убиството биле во куќата.
38-годишниот Роберт Певец е во притвор од саботата вечерта и во рок од 48 часа ќе биде изведен пред истражен судија поради сомнение дека сторил кривично дело убиство. Тој се прости од фудбалот во 2019 година.

Словенечките медиуми шпекулираат дека Роберт Певец ја убил сопругата Сабина со тепање и со давење.

Scroll to Top