Претседателот на Милан, Паоло Скарони потврди дека постојат две понуди за купување на славниот италијански клуб, откако по бахреинскиот „Инвесткорп“, интерес за „росонерите“ има и од американскиот „РедБрд капитал партнерс“.
Моментални газди на Милан се американската групација „Елиот менаџмент“, кои го „наследија“ клубот од претходниот кинески газда Јонгхонг Ли, кој не успеа да ги врати долговите за средствата со кои го купи клубот од Силвио Берлускони.
Се веруваше дека „Елиот“ се блиску до одлука за продавање по двонеделните преговори со „Инвесткорп“, но сега има нова понуа од „РедБирд“, која исто така е во регионот на 1.1 милијарди евра.
„Не знам дали има некои критични проблеми со ‘Инвесткорп’, но знам дека има две понуди и дека е потребно да се направи проценка. Јас не сум тој што одлучува, бидејќи го воам клубот, а не сум сопственик“, вели Скарони.
Scaroni: "Ci sono due offerte per acquisto Milan, non so di criticità con InvestCorp"#SkySport #Scaroni #Milan #InvestCorp https://t.co/GToSoYyeIu
— skysport (@SkySport) May 10, 2022