Карна Солскјер, ќерката на легендарниот поранешен напаѓач и тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го напушти клубот.
19-годишната Карна дебитираше за првиот тим во јануари во ФА купот, но немаше ниту еден настап во Женската суперлига (ВСЛ), по што замина во норвешкиот третолигаш АФК Фортуна.
Како напаѓач, Карна Солскјер, слично како нејзиниот татко имаше просек од речиси еден гол по натпревар во академијата на Јунајтед – постигна 15 гола во 21 лигашки настапи во Академската лига, честопати со нејзиниот татко и нејзината мајка на трибините.