Натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите, во првите четири групи на програмата се вечерва. Шест екипи веќе по ова коло можат да изборат пласман во нокаут рундата: Манчестер Јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Челси, Јувентус и Барселона.
Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Барселона, заедно со Бешикташ кој утре го игра својот натпревар, се единствените тимови со максимален учинок по четири кола.
Јунајтед има девет бодови и во оваа рунда ќе ја преќека Бенфика, а со победа и евентуален триумф на Базел над ЦСКА дата тима ќе се најдат во осминафиналето.
Слична е ситуацијата во Б групата, ПСЖ ќе го пречека Андерлехт, а минхенмси Баерн ќе гостува кај Селтик. Со победа двата тима ќе одат во наредната фаза, а во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде прв во групата.
Најнеизвесно е во Ц групата, Челси има седум бода, Рома пет, Атлетико два, а Карабаг еден бод. Челси со победа во Рим над Рома ќе биде во следната фаза.
Барселона во Д групата има три победи, а во четвртото коло гостува во Атина кај Олимпијакос. Јуве има шест бода и доколку Барса победи во Атина, а „старата дама“ во Лисабон кај Спортинг тогаш овие два тима веќе ќе бидат во наредната рунда.
ГрупаА:
Манчестер Јунајтед-Бенгика
Базел-ЦСКА Москва
Табела: Ман.Јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА 3, Бенфика 0
Група Б:
Селтик-Баерн
ПСЖ-Андерлехт
Табела: ПСЖ 9, Баерн 6, Селтик 3, Андерлехт 0
Група Ц:
Рома-Челси
Атлетико-Карабаг
Табела: Челси 7, Рома 5, Атлетико 2, Карабаг 0
ГрупаД:
Спортинг-Јувентус
Олимпијакос-Барселона
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг 3, Олимпијакос 0.