Марио Манџукиќ беше хрватскиот херој во полуфиналната победа на Хрватска против Англија, откако асот на Јувентус кога беше најпотребно во 109. минута од продолжението ги скрши англиските срца со гол кој може да му е најзначаен во кариерата.
Тој, како и сите во хрватската репрезентација, не можеше да најде зборови да го опише тоа што го чувствува.
„Неверојатно! Не сме свесни! Не, не, не знам, ова е чудо. Не, ова, не е чудо бидејќи ова го можат само големите репрезентации. Да се биде вака храбар против една Англија да се одигра турниров со вакво срце. Гори сѐ околу нас. Што да правам, ги сакам ваквите натпревари и затоа тогаш сум најдобар. Бевме како лавови, уживаме на теренот и така ќе биде и против Франција“, изјави Манџукиќ.