Полуфиналниот реванш во Купот на Романија помеѓу екипите на Крајова и Сепси, го обележа инцидентот што се случи во финишот на натпреварот, а во кој еден од актерите, не по своја вина беше Стефан Ашковски.
Сепси го добија првиот меч со 2:1, а во реваншот славеа со 1:0 и се пласираа во финалето.
Не можејќи да се помири со елиминацијата, капитенот на Крајова, Никусур Банку во 86.минута, со глава во градите го удри Ашковски, а потоа додека тој лежеше на тревата го погоди со топката во главата.
По овој неспортски потег, Банку не чекаше судијата да го извади црвениот картон, туку самиот се упати кон соблекувалната.
Моментот потсети дуелот помеѓу Зинедин Зидан и Марко Матераци, во финалето на Светското првенство во 2006 година, кога Зидан го удри Матераци и доби црвен картон.