Тренерот на Милан, Стефано Пиоли открива дека ги искористил зборовите на НБА легендата Коби Брајант за да ги мотивира своите фудбалери против Аталанта и открива дека „тајното оружје“ на неговиот тим е вербата во успех.
Со петтата последователна победа (2:0), одлучена со головите на Рафаел Леао и Тео Ернандез, „росонерите“ дојдоа на една победа од првото скудето од 2011 во последното коло против Сасуоло. За да се заддржи фокусот, Пиоли им пуштил интервју на Брајант, кој беше познат како голем навивач на „росонерите“.
„Морам да ги поздравам фановите, бидејќи ова беше наш последен домашен меч оваа сезона, а тие не инспирираа цела година. Да бидам искрен последните недели беа многу нормални за нас, бидејќи односот на моите фудбалери кон задачата беше фантастичен. Тие беа фокусирани, јас не морав да се грижам. 10.000 фанови не чекаа кога пристигнувавме, и сите бевме подготвени. На момците им покажав интервју на Коби Брајант, кој при 2:0 водство во НБА плејофот кажува како работата не е завршена. И нашата исто така. Само со смиреност и концентрација“, изјави Пиоли.