Top Sport

„Не се грижите и наредната сезона ќе бидам овде“

Атлетико Мадрид оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј, поточно не успеа да ја одбрани шампионската титула. Во Лигата на шампионите испаднаа во четврт-финалето од Мачестер сити.

Во текот на сезоната, медиумите шпекулираа дека тренерот Диего Чоло Симеоне, ќе го напушти клубот.

Аргентинецот по мечот со Севиља изјави дека и следната сезона дефинитивно ќе остане на „Ванда Метрополитано“.

„Нема што да се каже, продолжувам со работата во Атлетико. Без грижи, опуштено“.

На крајот Симеоне кажа две реченици кои можат да бидат знак за почеток на нова ера, на еден нов Атлетико.

„Ќе морам да сменам многу работи следната сезона. Секојдневно сум самокритичен, па кога сезоната ќе заврши, имам прилично јасна слика за тоа што треба да направам“, изјави Симеоне.

Чоло Симеоне е во Мадрид од 2011 година и освои четири европски и четири домашни трофеи.

Scroll to Top