Top Sport

Парични казни и суспензии за инцидентот во Гостивар

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги одреди казните за инцидент што се случи во последната четвртина од дуелот меѓу Гостивар и Пелистер. Натпреварот заврши со победа на Пелистер 89:84.

Гостивар наредните два натпревари на домашен терен ќе ги одигра пред празни трибини. Два натпревари ќе пропушти играчот на Пелистер Бобан Стајиќ. Еден натпревар суспензија добија тренерите на Гостивар и Пелистер, Димитриески и Илиевски.

Комесарот Милојевиќ одреди и парични казни за двата клуба. Гостивар во касата на МКФ ќе уплати 165.000, а Пелистер 153.000 денари.

Фото/ kfsm.mk

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');