Кристијано Роналдо нема да игра за Манчестер Јунајтед на натпреварот од последното коло во Премиер лигата.
Португалецот има повреда на бутниот мускул и тренерот Ралф Рангнинк нема да може да смета на неговите услуги во меч кој е исклучително важен за Јунајтед.
На Јунајтед му е потребна победа во последното коло во Лондон каде што гостува кај Кристал Палас за да обезбеди пласман во Лига Европа следната година.
Моментално имаат два бода повеќе од Вест Хем кој го пречекува Брајтон. Доколку двете екипи имаат ист број бодови, Вест Хем поради подобра гол разлика ќе заврши на шестото место.
Сите натпревари од последното коло во Премиер лигата се играат во недела од 17 часот.