Нивес Целзиус од почетокот на Светското првенство со голем интерес ги следи настапите на хрватската репрезентација. Пранешната сопруга на фудбалерот Дино Дрпиќ на специфичен начин ја дава својата поддршка за фудбалерите кои утре ќе го играат финалето на Светското првенство.
Секогаш кога Нивес ќе се огласи на социјалните мрежи предизвикува големо внимание. Овој пат таа на своето тело ги напишала презимињата на сите хрватски репрезентативци.
„Огнено за огнените“ е преводот на она што Нивес Целзиус го напишала под фотографијата.