Top Sport

Пиоли го тетовираше скудетото на Милан на својата лева рака

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, конечно, ја оствари својата животна цел, освојувајќи го скудетото со „росонерите“, тим кој не беше фаворизиран пред стартот на сезоната и го овековечи тоа со тетоважа на својата лева рака.

Навивачите на Милан на социјалните мрежи ја објавија фотографијата со италијанскиот „штит“ и со бројот 19, кој го претставува бројот на титули на клубот од Милано. Ова беше прва титула во неговата долга тренерска кариера.

Scroll to Top